По само две години брак синот на познатиот глумец Раде Шербеџија, Данило, се разведува од продуцентката Lavinie Stubbs. Да потсетиме дека Данило Шербеџија е доста познат режисер во Хрватска.
Вистина е дека се разведувам, едноставно повеќе нема љубов помеѓу нас, јас сум тој кој е крив за целата ситуација и не сакам Lavinia да биде обвинувана за крајот на нашиот брак. Нема да има сензација, едноставно спогодбено ќе се разделиме и нема да се влечеме по судовите.
Сакам да ве уверам дека не постои некој трет во целава ситуација, и не мора секогаш тоа да биде разлог за прекинување на некој брак, во целава ситуација најважен е нашиот едногодишен син Иван, изјавил Данило Шербеџија за Story.