Скалпел играл по лицето на Гадафи

popara25 март, 20111min00
1

Бразилски пластичен хирург ги отстранувал трагите од времето на лицето на либискиот лидер Моамер Гадафи, во 1995 година, на операција, која траела цели четири часа и била чувана во најголема тајност, објави американската новинска агенција “Асошиејтед Прес“, пренесува Нетпрес.
Операцијата почнала точно два часа по полноќ, со локална анестезија, зошто водачот на Џамахиријата сакал да следи се’ што се случува со него.
“Така почна ноќната интервенција, во бункерот на Гадафи, опремен со две високомодерни операциони сали, со базен и со салон за гимнастички вежби. Среде процедурата либискиот лидер побара пауза, оти му се јадеше хамбургер. Ми рече дека е на власт цели 25 години и дека не сака народот да го гледа како старее“, се потсетил бразилскиот хирург Лијасир Рибејро, кој го оперирал Гадафи.

Либискиот лидер не сакал да примени класичен лифтинг, оти сметал дека видно ќе се забележувало дека се обидел да се подмлади. Тој настојувал за нешто што нема да биде толку забележително, па хирургот му предложил посебна метода-вшмукување на масти од стомакот и нивно вбризгување во делот од лицето кој му е збрчкан. Исто така, Гадафи си пресадил и коса.
“Го предупредив Гадафи дека ефектот од операцијата, која му ја направив, ќе трае околу 5 години, оти интервенцијата си има рок на траење, по кој кожата повторно ќе му се опушти и брчките повторно ќе се појават“, раскажал Рибејро.

На тоа Гадафи му рекол дека за пет години повторно ќе го повика. Така и се случило. Но, поради семејни проблеми, Рибејро неможел да дојде повторно, а либискиот лидер никогаш повеќе не побарал услуги од него. Хирургот рекол дека во времето на пластичната операција, во 1995 година, Гадафи имал 53 години, но изгледал 10 години постаро. Тој покажал и фотографија направена пред операцијата, на која позира до Гадафи, кој бил облечен во бел костум и кошула со колоритни мотиви, а на лицето и по вратот му се гледале длабоки брчки. Според бразилскиот доктор, по операцијата Гадафи изгледал како да има 45 години. Тој додал дека дури сега одлучил да проговори за операцијата, мислејќи дека треба да открие повеќе детали за човекот, кој е вистинска енигма голем број луѓе низ светот.
“Во последно време Гадафи не изгледа добро“, изјавил Рибејро. Според него, либискиот лидер изгледа подуено, со опуштена кожа и со длабоки брчки.
Но, Гадафи не е единствениот државник кој посегнал по пластичната хрирургија, за да си го подобри изгледот. Неговиот доскорешен близок пријател, италијанскиот премиер Силвио Берлускони, исто така применува подмладување на тој начин, а се пресади и коса. И нему работа му завршил бразилскиот хирург, тврдат италијанските медиуми. Но, Рибејро засега не го потврдува тоа. Шпекулации има и дека рускиот премиер Владимир Путин подлегнал на пластична хируршка интервенција, отккао минатиот октомври се појави со след като миналия октомври се појави со силна и многу забележителна шминка, која требаше да му го сокрие модрото под очите.
Седумдесетгодишниот бразилски пластичен хирург, ужива во светска слава во својата дејност, и е автор на две книги за пластична хирургија.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma