Скандал со прислушкување ја тресе Велика Британија

popara7 јули, 20111min00
A-sign-outside-the-News-I-007

Скандал со прислушкувањето на телефони во кој е вмешан таблоидот “Њуз оф д ворлд”, дел од медиумската империја на медиумскиот тајкун Руперт Мардок, расте се’ повеќе и секој ден нови шокантни откритија излегуваат на виделина, забележува британскиот весник “Дејли телеграф”.

Прво се’ дозна дека приватен детектив, најмен од весникот, добил незаконски пристап до телефони. Стана познато и дека главната извршна директорка на “Њуз интернешенел” Ребека Брукс му дала лична наредба на приватниот детектив нелегално да прислушкува телефони , пишува весникот “Индипендент”.

Брукс е инаку блиска пријателка на британскиот премиер Дејвид Камерон, кој редовно го поминува слободното време во својот дом заедно со Брукс и нејзиниот сопруг.

Вчера Дејвид Камерон објави дека ќе започне сеопфатна истрага за случајот. Тој, сепак, се огради од барањето на вицепремиерот Ник Клег истрагата да ја води од судија. Весникот потсетува дека “Њуз оф д ворлд” прво беше вмешан во скандал со прислушување на телефони на членовите на британското кралство семејство.

Полицијата испитува случај на убиство, киднапирање и злоупотреба на малолетник од  2001 година, како реакција на откритијата дека новинари од “Њуз оф д ворлд” го прислушкувале телефонот на семејството на убиеното девојче. Полицијата веќе ги информирала родителите на убиената дека во 2002 година нивните мобилни телефони биле прислушкувани.

Сега станува јасно дека обемот на скандалот е многу поголем.

Лични податоци на семејствата на британски војници, убиени во војната во Ирак и Авганистан, исто така, биле пронајдени меѓу документите на детективот Глен Малкеар, изнајмен од “Њуз оф д ворлд”, што создава сомневања дека тој веројатно ги прислушкувал и телефонските повици на овие луѓе.

Веста предизвика горчина и гнев кај луѓето кои ги загубиле своите најблиски во војните во двете земји.

Сега лондонската полиција се соочува со се’ повеќе повици од роднини на жртвите за да утврдат дали и нивните телефони биле прислушкувани. Повиците биле прислушкувани не само на блиските на убиените  во Ирак и Авганистан, туку и на настраданите од терористичките напади и на загинатите во цунамито во 2004 година кое го погоди Индискиот Океан дури и жртвите на шокантни убиства во Британија.

Потоа беше откриено дека таблоидот на ист начин добил пристап до телефоните на блиски на жртвите од нападите во Лондон пред седум години.

Роднините на сите тие луѓе тврдат дека се згрозени од потресните откритијата, заканувајќи се дека никогаш повеќе нема да купуваат “Њуз оф д ворлд”, ако сето тоа е вистина. Тие ги повикуваат виновниците за скандалот да бидат изведени пред суд.

Проблемот се продлабочи уште повеќе, откако портпаролот на британскиот министер за финансии, Џорџ Озборн, рече дека полицијата го предупреди неговото ресорно министерство дека неговото име и телефонски број биле меѓу документите на две лица приведени за незаконско прислушкување.

Скандалот со прислушкувањето ги изведе на виделина методите на работа на британските таблоиди, забележува весникот “Дејли телеграф”.

Новинарите или приватни детективи имаат голема корист од прислушкувањето, па затоа не може да се гарантира безбедноста на телефонските разговори.

Пораки од познати личности или на луѓе вмешани во скандали или драми се посебно возбудливи за Британците. Скандалот го натера дури и британскиот премиер да интервенира, забележува и весникот “Гардијан”.

Империјата на Мардок е во криза, пишува “Индипендент”.

Весникот, сепак предупредува дека скандалот не треба да биде повод за осуда на сите новинари, бидејќи не сите новинари користат методи како оние на “Њуз оф д ворлд”.

Едно нешто сепак е сигурно. Досега се сметаше дека прислушкувањето на телефоните не се однесува на сите, а ризикот  се однесува само на богатите и познатите личности.

Но, се чини дека секој може да стане жртва на ова неморално навлегување во приватноста, извршено во момент кога човек е посебно чувствителен, додава весникот.

И трите изданија потсетуваат дека Руперт Мардок не ги прифатил обвинувањата, оценувајќи ги истите како неприфатливи.

Се очекува политичарите да повикаат за национален бојкот на “Њуз оф д ворлд”, додека Брукс не го напушти весникот. Дебатата веројатно ќе го стави премиерот во непријатна ситуација, откако тој и без тоа беше подложен на критики поради назначувањето на поранешниот уредник на “Њуз оф д ворлд” Енди Коулсон за директор на комуникациската служба. Во јануари Коулсон сепак поднесе оставка.

Силен јавен и корпоративен притисок се врши и врз “Њуз интернешенел”, филијала на “Њуз корпорејшн”, кој издава неколку британски весници.

Производител на автомобили “Форд” објави дека ќе престане да се рекламира во “Њуз оф д ворлд”, додека не види како весникот ќе реагира на скандалот.

Неколку реномирани компании објавија дека оваа недела нема да пуштаат реклами во весникот. Други компании исто така ги разгледуваат односите со “Њуз оф д ворлд”.
На интернет се организираа кампањи, се повикуваат читателите да го бојкотираат весникот.

Ако тие се апели вродат со успех, ќе предизвикаат голема штета за  “Њуз оф д ворлд”. Продажбата на “Њуз оф д ворлд” во Ливерпул и не се обновија откако весникот ги навредил настраданите фудбалски навивачи по трагичниот инцидент пред повеќе од 20 години, во кој загинаа 96 лица.

Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma