По разводот од Рајан Рејнолдс, и врската со Шон Пен, флертувањето со Џастин Тимберлејк и неколкуте голи фотографии на интернет, Скарлет Јохансон (26) има нов дечко во нејзиниот живот.
Нејзиниот нов дечко е актерот Џозеф Гордон Левит (30), со кого е видена како вљубено шета низ улиците на Њујорк.
Актерите се запознале за време на снимање на филм, а наскоро нивното пријателство прераснало во нешто повеќе. Пред јавното разменување на нежност, Скарлет и Џозеф биле забележани на романтична вечера во еден ресторан.