Скопјанец се обидел да ја силува малолетната ќерка

30 мај, 20110
mvr-stip-policija

Четириесет и три годишен скопјанец се обидел да ја силува својата малолетна ќерка која имала 13 години.
Имено, откако ја земал својата малолетна ќерка од гости, ја однел во близина на градските гробишта Бутел и се обидел да изврши обљуба врз девојчето на што тоа се спротивставило и почнало да го турка и тој се откажал од намерата.
На пат кон нивниот дом, таткото и се заканил да не кажува на никој за случајот, но девојчето го пријавило случајот по што тој бил повикан на разговор во полицијата каде му билa одредена мерка притвор од 30 дена.
За него ќе следи и кривична пријава за “полов напад врз малолетник што не наполнил 14 години“.
Полицијата информира дека досега имало и други обиди од страна на таткото за силување на неговата ќерка.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi