Педесет и петгодишен Скопјанец две години сексуално ја злоставувал својата 14-годишна ќерка, соопшти МВР.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С. од Скопје, за сторено кривично дело “родосквернавење“.
Пријавениот на 30-ти мај, но и во текот на изминатите две години, во нивната семејна куќа и на други места во Скопје, во повеќе наврати вршел обљуба и други полови дејствија над неговата 14-годишна ќерка.
Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Извор: Нетпрес