Ајша Гадафи го тужи НАТО за убиство на ќерка, брат и внуци

8 јуни, 20110
ajsa_gadafi
Адвокатите на ќерката на Моамер Гадафи Ајша вчера во Париз и Брисел поднеле тужба против НАТО. Во тужбата се тврди како припадниците на НАТО извршиле воено злосторство кога на 30 април нападнале цивилен објект во Триполи. Тогаш загинал најмладиот син Саиф ал Араб, како и три внуци на Гадави стари од четири месеци до две години и неколку пријатели на семејството, пишува хрватски “Дневник“, пренесува НетПрес.
Доминик Атдијан, еден од тројцата француски адвокати кои ја составиле тужбата, рекол дека тужбата е поднесена во Брисел и се однесува на обвинение за воени злосторства на НАТО, а тужбата поднесена во Париз од судот бара да “се пронајдат, идентификуваат и казнат виновниците и нивните помагачи“, кои на 30 април учествувале во воздушниот напад во кој биле убиени ќерката на Ајша, братот и две внучиња.
“Нема никаков сомнеж дека одлуката на НАТО цивилна зграда да ја прогласи за легитимна цел е воено злосторство“, додал адвокатот Лук Брошолет и додал дека цел на напад била цивилна зграда, а не воен објект или зграда во која бил сместен командниот центар.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber