Иако помина повеќе од еден месец, откако беше објавено дека Microsoft го купи Skype, федералната трговска комисија пред неколку дена ја одобри оваа аквизиција.
Процесот се уште не е завршен, а промените веќе се видливи. Skype вчера отпуштил осум од своите вработени, кои се едни од најважните позиции.
Меѓу отпуштените се три потпретседатели на компанијата, раководителот на човечките ресурси, директорот на маркетинг и генералниот менаџер на компанијата.
Од Skype изјавиле дека оваа постапка е нормална и дека како секоја прагматична организација, тие постојано ја проценуваат структурата на својот тим, за на корисниците да им испорачаат најдобри услуги и производи.