Од компанијата која стои зад едни од најпознатите VoIP сервиси, Skype, стигна потврда на она што некои корисници во текот на вчерашниот ден го почуствувале, а тоа се проблеми на сервисот во неговото функционирање.
Проблем со логирање и воспоставување врска имале мал процент од корисниците, изјавиле од Skype, но проблемот бил брзо воочен и работеле на негово исправување.
Покрај ова во официјалното соопштение од оваа компанија се наведува дека биле погодени корисници на Skype кои работата на Windows. Во продолжение биле и наведени упатства што може да се направи доколку постои ваков проблем на функционирањето на сервисот.
Инаку неодамна, Skype беше купен од Microsoft за 8,5 милијарди долари.