Софи Тарнер со своите облини ја освојува Америка
30 мај, 20110

Згодната австралиска манакенка Софи Тарнер повторно привлекува воздишки со своите заносни облини. Новиот секси едиторијал го снимила пред фотообјективот на Џош Рајан. Софи – 27 годишната русокоса е една од најпознатите и најдобро платени австралиски модели во САД. Модните агенти ја забележале уште на 14 години на плажа во предградието Аделаид и ја поканиле да учествува на бикини натпревар на кој ја земала првата награда. Потоа се појавила како учесник во познато австралиско шоу – Топ модел на кое постигнала голем успех и благодарение на тоа, таа стана една од најпознатите и најбараните модели во САД.