Исповед на една нимфоманка

30 мај, 20110
prostitutki naslovna

В. С. (30) од Врање, се занимава со проституција, бидејќи не може без секс.
Се забавував со постари момчиња, од 35 до 40 години. Имав само 16 години. Само за една вечер во кревет добивав брендирана облека. Најмногу купив во Скопје, бидејќи таму работев навечер – така започнува приказната на В.С., триесетгодишна проститутка од Врање. Првото љубовно искуство и било со еден градски криминалец, тоа било незаборавно. Тогаш почувствувала дека без маж и секс не може да издржи долго време.

Се омажила за еден полицаец, кој служел во Косово. Фамилијата се проширила, добиле син за многу кратко. Бидејќи многу често нејзиниот “косовски херој“ не бил дома, а В.С. не можела да ја поднесе сексуална апстиненција, набрзо ги спакувала своите куфери и заедно со детето се вратила назад кај нејзината мајка. Одлучила да најде работа, но залудно.

– Случајна средба со сопственичка на една кафана засекогаш ми ја измени насоката на мојот живот.  Таа ми понуди да работам како келнерка. Плата 100 евра. Една вечер сопственичката, по завршувањето на работното време, ми рече: “Јас знам дека многу често ги менуваш мажите, а тоа значи дека го сакаш сексот повеќе од лебот, исто како и јас. Отворено и најискрено ќе ти кажам. Ајде да работиш за мене, ќе ти наоѓам клиенти, а во замена ќе имаш плата од 200 евра“.  Јас се согласив. Таа работела со години. Само, 30 минути по лице. Имав по двајца секоја вечер. Уживав со различни мажи. Богата клиентела, тоа беа најмногу срби и албанци – раскажува В. С..

Едно утро, се напиле малку повеќе. В.С., газдарицата, нејзиниот сопруг и клиентот албанец. Требаше да се заврши “работата“. Тогаш сопругот на газдарицата му рече на клиентот: “Дај 250 евра и имате 15 минути на располагање“! После таа вечер почнав да ги делам парите со газдарица на принцип “пола-пола“. Наплаќав 25 до 50 евра. Имав пет клиенти за една ноќ. За секого по 20 минути.

Меѓу клиентите имав и  дедо на 80 години. Одвме во стан и на компјутер ги биравме клиентите. Немав воопшто пари поради што ги одбрав најдобро платените понуди. А најмногу плаќаа постарите лица. Да, постари во просек од 70 до 80 години. Имав два случаи каде што заработив многу пари. Со еден, кој беше парализиран и имаше 74 години, јас му наплатив 200 евра. Требаше само да се соблечам гола и да ме гледа 10 минути. Друг клиент ми беше дедо од 82 години. Како дете во лицето, ниту трага од брчки. “Само играј, дете, ништо друго не сакам“, и ми плати 200 евра за 15 минути, раскажува В.С..

– Газдарицата заработуваше од 2.000 до 3.000 евра месечно. Јас стигнував до 1000 евра, но не и повеќе. Цените на нејзините услуги беа минимум 200 евра и повеќе. Нејзината желба и страст за секс произлегуваше од малтретирањето на нејзиниот сопруг. Кога тој ќе забележеше дека има недостаток на пари, ќе ја претепаше како кучка. Но, да не го правеше тоа, немаше да може да ги менува колите секоја година, да има двокатна куќа. Имаа толку многу злато на нив. Децата им беа големи, студенти, имаа свој стан, кола. А, сето тоа се плаќаше од парите заработени од проституција – од моето тело и од телото на мојата газдарица. Пет години работев за неа – продолжува В. С.


Таа го остави кога тој донесе уште една  жена, девојка од 18 години. Таа отиде и не се врати назад. Благодарение на големиот круг на “познаници“ влезе во нова група каде што имаше шест проститутки. Четири омажени, две разведени. Сите гладни за пари. Една од нив беше “главна“. Сè се договараше преку мобилни телефони и компјутери. Секој клиент требаше да обезбеди податоци, слика, опис, брачниот и финансискиот статус.

Вакви слични групи ги има многу во Врање. Некои работи само во Бујановац, Прешево.
– Е, да ги видите само девојките кои работат, меѓу нив има и со завршен факултет. Нивните сопрузи се истакнати граѓани во оваа разрушено општество. Сега сум подобро “ситуирна“, не работам со клиентите од кафаната.Сега имам повисоки стандарди и тоа е убаво. Ем задоволство, ем пари.

– За крај ќе ти раскажам еден дел од исповед на една проститука која ја има запишано римскиот хроничарот Петроние: “Не можам да се сетам дали некогаш сум била невина. Уште како дете, се бакнував со моите врсници, наредната година легнував со повозрасни и така сè додека не стигнав до овде. Од овде произлезе и поговорката: Кој може да носи теле, може да носи и бик“ – ја завршува својата приказна В.С..

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *