Сладолед од мајчино млеко се продава во Лондон
25 февруари, 20110

Од денес во Лондон во една слаткарница започна да се продава сладолед кој е направен од мајчино млеко, наречен Baby Gaga. Освен мајчиното млеко составот на сладоледот се состои и од Мадагаскар ванила и рендана кора од лимон.
Основачот, Мат О’Конор од Хемпшир е уверен дека неговиот изум е чудо. Тој изјавил дека и возрасните имаат право да земаат нешто навистина квалитетно и хранливо. Мајчиното млеко, кое го земаат од болниците е подложено на здравствени испитувања пред да биде употребено за правење на сладоледот.