Слеш продава 14 гитари од својата колекција
22 февруари, 20110

Познатиот гитарист Слеш, од легендарната група Guns ‘N’ Roses, продава 14 гитари од својата колекција која брои над стотина гитари.
Гитарите ќе се продаваат на аукција, а парите сеуште не е познато дали ќе се донираат за добротворни цели или пак сметката ќе си ја зголеми за неколку стотици илјади. На аукцијата освен гитарите, Слеш ќе ги понуди и своите два омилени шешири.