Сликата на Рафаел, фалсификат?

17 мај, 20110
rafaelnaslovna

Венецијански историчар на уметност професорот Roberto de Feo, тврди дека сликата “Визијата на Езекил“ (Ezekiel’s Vision)  на Рафаел, во палатата Пита, во Фиренца, е фалсификат, односно копија на оригиналот, направена по смртта на сликарот.

Познатата слика на Рафаел кој ја има насликано оклу 1518 година, каде е прикажан Господ кој е опкружен со четворица евангелисти, а нејзините димензии се 40,7 на 29,5 сантиметри. Легендата вели дека оваа слика била изложена во најпознатите светски музеи и во била во сопственост на разни грофови, принцови и папи. Во 1779 година од земјата ја изнеле французите и ја дале на Наполеон кој до 1816 година ја чувал во Лувр.

Се започнало кога во 2008 година професорот Фео, добил телефонски повик дека оригиналната слика е во сопственост на една италијанска фамилија која живее во близина на италијанскиот град Ферара, на северот од земјата.

“Отидов и видов дека сликата е идентична со онаа која виси во палатата Пити, но е поубава. Боите с епојасни и едноставно зрачат“, изјавил Фео и додал дека потоа детално ги анализирал и двете слики.

Резултатот бил следен: двете слики биле со исти димензии, но се разликувале во подлогата на која се насликани. Сликата од палатата Пити е насликана на табла од дрво на даб, а додека сликата од градот Ферер била на кора од топола. А, Рафаел сликал само на на табла од тополи, објаснил професорот.

Автентичноста на сликата која е во палатата Пити досега никогаш не била доведена во прашање. Директорот на галеријата тврди дека сликата е со исклучителен квалитет и дека нејзината историја е добро документирана низ вековите, па затоа не се сомнева во нејзината автентичност.

Професорот Роберт Де Фео, сепак, од моментот кога го видел оригиналот, поминал три години во разни уметнички галерии, приватни архиви и библиотеки. Зборувал со кустосите од Лувер, прочитал над сто  книги и ракописи, собрал многу документација, фотографии и каталози, со цел да напише студија од 60 страници во која се тврди дека слиакта од палатата Пити е копија.

“Ова ќе предизвика бура од реакции меѓу критичарите и историчарите на уметност“, изјавила Џована Перини, директорка на институтот за историја на уметност во Урбино, мал град во внатрешноста на Италија, од каде потекнува и познатиот сликар.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi