Слобода или смрт за Македонија!!!

popara24 октомври, 20111min00
images

Биднаа 118 години од официјалното формирање на ВМРО, како организација што се стреми за целосно територијално и политичко ослободување на Македонија.

Македонија и после повеќе од еден век, сеуште во поголемиот дел, остана „поробена“, а Македонецот како и вообичаено низ историјата – поделен. Таа клетва за наша голема несреќа, ни „најголемите гатачки“ неможат да ни ја „зачистат“. Да не должам.

Формирањето на ВМРО во Солун, бил и ќе остане запишан како важна алка во Македонската епопеа која сеуште трае, голем ден за голем празник, без разлика дали на некои тоа им се „бендисува“ или не.

Нека им е вечна слава на сите Македонски дејци и борци, кои ги дадоа своите животи за Македонија.

Нека им е вечна слава и на големите борци за слободна и независна Македонија, кои беа ликвидирани и измачувани по комунистичките затвори за време на поранешна Југославија!

Да „гниеш“ заради љубов кон татковината? Парадокс без преседан!

На тие луѓе за жал, до ден денешен не успеавме да им го најдеме заслуженото место во Македонската историја.

Македонија давала и ќе дава свои „деца“ за каузата што ни ја всадија „старите“, за да ја пренесеме на неродените.

Земјата Македонска „нема да се смири од потреси“, се додека не ја поставиме на нејзините „природни темели“!

Слобода или смрт за Македонија!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag