Слободното ѕидарство во Кралството СХС-Југославија (1919-1941 година) – трет дел

27 јуни, 20110
masons

Создавање на Големата ложа на Кралството СХС “Југославија“ (1919 година)

Големата ложа, според одредбите на Конституцијата, финансиските средства ги добиваше од:

а) основни давачки, кои ги плаќа секоја ложа при нејзиното осветлување;

б) личен данок, од членовите во секоја ложа; се плаќа при приемот на секој член, а потоа еднаш годишно;

в) членарина, која ја плаќаат членовите редовно секој месец; на секои три месеци, собраниот износ се уплаќа на Големата ложа;

г) доброволни прилози, поклони во пари или предмети со одредена вредност (Член 46).

Под закрило на Големата ложа на СХС “Jugoslavija”, функционираше само јованските ложи и тоа на прв, втор и трет степен (Член 54). Во согласност со Конституцијата и начелата на Јованскиот ред, ложите се автономни масонски организации, притоа ги составуваат сопствените Статутити, Ритуали и Домашни одредби“ (Член 57).


При приемот на нови членови, ниту едно лице кое поднесува барање за членство не може да биде помлад од 21 година, со исклучок на синовите на масоните кои би можеле да се примат после наполнување на 20 години, како Луфтони и тоа во случај ако се предложени од страна на родителот или од еден активен Мајстор, но со согласност на нивните старатели (Член 60).

Секој барател е потребно да има лице кое гарантира за него односно кум, кој е активен член во ложата (Член 61).

Според Конституцијата е регулирано, секој масон да има слободно право да истапи од братството и во ваков случај поднесува оставка (Член 69).

Врз основа на Член 70 од Конституцијата, ложите може да исклучат било кој од своите членови од Сојузот, во следните случаи: не ги исполнува своите масонски должности или обврски; го губи своето граѓанско или политичко право; прави постапки во фамилијарниот и општествениот живот се недолични за Сојузот.

Одлуката за исклучување се врши во тајност и со потврдно гласање на повеќе од две третини од присутните. Лицето кое е исклучено има право да се жали пред Сојузниот одбор во рок од триесет дена, сметано од денот на добивање на одлуката за исклучување. Поднесената жалба Сојузниот одбор ја разгледува на првиот состанок што треба да се одржи.

Лицето кое е исклучено, ги враќа назад сите масонски инсигнии, ритуалните одела и масонските документи. За неговото исклучување се информира Големата ложа, а потоа од нејзина страна се информираат сите останати ложи (Член 70).

Сепак, од свечената заклетва дадена за чување на масонските тајни и воопшто за масонските ритуали  не може никој да биде разрешен, без разлика од кои причини не е дел од Сојузот (Член 71).

Мандатот на офицерите во ложата трае една година, но истите може да бидат реизбрани (Член 79).


Според Член 80 од Конституцијата офицерите во ложата се “Старешините на ложата или нивните Претставници, Првиот и Вториот Надзорник, Секретарот, Гласноговорникот, Благајникот, Обредникот, Дворникот и Добротворецот“.

Под заштита на Големата ложа на СХС “Jugoslavija”, од денот на нејзиното формирање до донесувањето на одлуката за “самоуправување“ (1940 година) имаше вкупно 30 ложи:

–   “Sloga, Rad I Postojanstvo” (1883), Белград

–    “Pobratim” (1910), Белград

–    “Šumadija” (1910), Белград

–    “Istina” (1921), Белград

–   “Preporođaj” (1922), Белград

–   “Dositej Obradović” (1922), Белград

–   “Maksim Kovalevski” (1926), Белград

–  “Čovečnost” (1940), Белград

–  “Mitropolit Stratimirović” (1926), Нови Сад

–    “Kosovo” (1910), Скопје

–   “Banat” (1937), Панчево

–   “Budućnost” (1896), Сомбор (од 1921 под Големата ложа на Југославија)

–   “Stvaranje” (1910), Суботица (од 1925 под Големата ложа на Југославија)

–  “Stella Polaris” (1928), Суботица

–   “Aurora” (1905), Вршац (по Големата ложа на Југославија од 1928)

–   “Vojvodina” (1931), Петровград – Зрењанин

–   “Zora” (1926), Котор

–   “Sloboda” (1925), Дубровник

–   “Pravda” (1929), Сплит (претходно “Natko Nodilo”)

–    “Valentin Vodnik” (1936), Љубљана

–    “Ivanjski Krijes” (1925), Карловац

–   “Budnost” (1912), Осијека

–   “Sima Milutinović Sarajlija” (1930), Сараево

–   “Maksimilijan Vrhovac” (1913), Загреб

–   “Grof Ivan Drašković” (1919), Загреб

–   “Pravednost” (1921), Загреб

–    “Perun” (1929), Загреб

–    “Neptun” (1929), Загреб

–   “Ruđer Bošković” (1929), Загреб

–   “Bratstvo” (1939), Загреб

Големата ложа на СХС “Jugoslavija” беше член на Интернационалната Масонска Асоцијација (IMA), која на иницијатива на швајцарската Голема ложа “Alpina” беше основана на интернационалниот масонски конверт (19-23 Октомври 1921 година). На предлог на Голема ложа на СХС “Jugoslavija” во својот состав IMA ја примија Големата ложа на Чекословачка, која се формираше под непосредно влијание на југословенската Голема ложа.

Продолжува, читајте www.popara.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *