Снајдер се поблиску до Манчестер Јунајтед

23 април, 20110
s

Во последните две години, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон не успеа да најде адекватна замена на плејмејкерската позиција во својот тим, а сега е на прагот во својот тим да го доведе Весли Снајдер од Интер. Снајдер се споменува како долгорочна замена за 36-годишниот Пол Сколс. Минатото лето, холанѓанецот беше многу блиску до премин на ‘Олд Трафорд’ за сума од 35 милиони фунти, но тогаш претседателот Морати не сакаше да се откаже од неговите услуги. Околностите се сменија, Интер игра многу слабо во оваа сезона, па така ССнајдер ова лето би можел да се пресели во Јунајтед. Кариерата на Пол Сколс е пред крајот, а Снајдер би бил идеална замена за него. Понуда од ‘ѓаволите’ наскоро ќе стигне на адреса на Интер. Снајдер во текот на својата кариера го носеше дресот на Ајакс, Реал Мадрид и Интер.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi