Кинескињата Лиу Венсју стана позната по тоа што со бакнеж успеала да беди непознат човек за да не изврши самоубиство.
Како што пренесуваат странските агенции, 19 годишната девојка била со една пријателка во трговски центар во Шенжен, кога го пирметила човекот кој стоел на надворешната страна од ограда на горниот кат, држејќи нож во градите со закани дека ќе се самоубие.
“Сакав да му помогнам, но полицијата не ми даде да му пријдам. Излажав дека тоа е мојот дечко кој сака да се убие поради мене“, изјавила кинескињата.
Храбрата девојка разговарала со дечкото кој и се отворил. Таа го прегрнала и го бакнала во уста. На тој начин спасувачите го искористиле тој момент и ги отргнале од оградата.