Со озон, против кариес

popara9 март, 20111min00
Nikki Gepner after

Со новите стоматолошки откритија повеќе нема да мора да го трпиме лошиот звук и непријатното чувство додека стоматологот го отстранува кариесот од нашите заби.

Најновата техника за безболно отстранување на кариесот е со употреба на озон. Имено третманот се изведува ласерски, при што се уништуваат бактериите. Ласерскиот уред ја мери длабочината и големината на кариесот, а потоа со озон се уништуваат. Потоа на местото се става посебна течност за ремиминерализација на забот. Во следните месеци потребно е пациентот да користи посебна паста за заби и спреј со цел да се изврши терапија на интервенираниот заб.

Но, потребно е да се каже дека тоа е возможно само доколку станува збор за рана фаза на кариесот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma