Швајцарскиот експериментален соларен авион Solar Impulse, полетал од Париз во неделата наутро и би требало да слета во Швајцарија во текот на вечерните часови, соопшти денеска компанијата Solar Impulse.
Соларниот авион полетал од аеродромот Ле Бурже во северниот дел на Париз во 7 часот и 11 минути. Се очекува да слета во Швајцарија по 19 часа лет, изјавила компанијата.
Неговите батерии биле целосно исполнети, бидејќи авионот во петокот цел ден бил изложен на сончева светлина, со тоа авионот бил 100% припремен за историскиот лет, пишува на веб-сајтот посветен на овој проект (www.solarimpulse.com).
“Ако се оди добро, авионот ќе слета во Швајцарија за 15 часа”, пишува на веб страната, која додава дека “временските услови се идеални за овој планиран лет”.
Следната цел на Solar Impulse е проектот за изградба на втор прототип кој би требало да го прелета Атлантикот. Проектот би требало да се реализира во 2013 година.