Сонцето згаснува. Дали доаѓа ледено доба?!

14 август, 20110
sunset

Американските астрономски здруженија го шокираа светот: Сонцето неочекувано влегува во циклус на мирување, ни се заканува ледено доба!

На конференцијата на Американското здружение на астрономи која се одржа во Њу Мексико се објавени најновите резултати од студиите за Сонцето. Наместо сé повеќе да зајакнува, како што и се очекуваше, активноста на ѕвездите ќе опаѓа, што ќе резултира во едно мини ледено доба.

– Ова е неверојатно и сосема неочекувано! Фактот дека три различни студии укажале на ист заклучок е силен показател дека циклусот на Сончевите дамки се приближуваат кон хибернација – изјави Френк Хил од Националниот соларен опсерваториум во Њу Мексико.

Астрономите ги проучуваат овие таинствени дамки бидејќи нивниот број и зачестеност служат како показател за Сончевата активност. Сега предупредуваат дека следи период на најмала Сончева активност, која не е забележана уште од периодот од седумдесет години меѓу 1654 до 1715. Во тој период Сонцето воопшто немало дамки, што довело до мало ледено доба. Во минатото ледените доба траеле околу 70.000 години, но биле еднолични.

Во секое од нив постоеле периоди на мало топење и заладување, велат експертите.

Иако од наша гледна точка изгледаат мали, Сончевите дамки се огромни – дури до 50.000 километри во пречник, а понекогаш и пошироко, да речеме, од Нептун. Научниците пресметале дека циклусот на Сончевите дамки трае 11 години. Сега нашата ѕвезда се наоѓа во 21. циклус откако трае посматрањето на Сонцето.

Дали Европа ќе замрзне?!

Хрватскиот академик Владимир Паар, професор на загребскиот ПМФ, минатата година ја предупреди светската јавност дека треба да се подготви за леденото доба бидејќи не е можно тоа да се избегне! Неговиот став не наиде на поддршка кај останатите експерти од оваа област. Тогаш тој рече:

– Човештвото треба да започне да се подготвува за леденото доба. Тоа значи дека голем дел од Европа ќе биде под мраз: Германија, Полска, Франција, Австрија, Словачка, добар дел од Словенија… . Огромен дел од морињата ќе биде покриен со вечен мраз, што значи дека по копно ќе може да стигнете од Хрватска до Ирска. Северното и Балтичкото море нема да постојат!

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi