Пронајдена ДНК во метеори

14 август, 20110
meteori

Тимот на научници од американската вселенска агенција НАСА, пронашол траги од аденин и гуанин- две од четирите компоненти на ДНК, во метеорите кои паднале во Австралија и Антарктикот.

Ова откритие наведува на заклучокот дека, слични метеори се причината за создавање на животот на Земјата.

Ова не е прв пат научниците да пронајдат делови од ДНК на метеори, но не биле сигурни дали истите се формирале во вселената или пак се резултат на контаминација при самиот судир со Земјата. Меѓутоа, овојпат можноста за контаминацијата е исклучена, бидејќи примероците биле потполно различни од сите досега анализирани.

Освен аденин и гуанин, научниците пронашле и хипоксантин и ксантин, две хемиски супстанци кои учествуваат во биолошките процеси.

Ова откритие на американските научници наведува за да се запрашаме дали овие основни елементи на животот стигнале и на други планети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi