Попис на слонови

14 август, 20110
SLONOVI

Шри Ланка: Првиот попис на слонови во дивина

Илјадници доброволци и вработени во Министерството за заштита на природата на Шри Ланка учествуваат на првиот национален попис на слонови кои живеат во дивина.

Попишувачите, кои ги има скоро 4.000, заземаа положба на врвовите на дрвјата во близина на поилиштата и другите водени пунктови на повеќе од 1.500 локации каде се собираат слоновите.

Министерството соопштило дека тридневниот попис треба да и помогне на Владата во донесувањето план за заштита на слоновите.

Меѓутоа, некои групи за заштита на природата одбиле да учествуваат во акцијата и тврдат дека пописот е привиден, всушност намерата е слоновите кои живеат во дивина да се затворат и припитомат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit