Сонот ја зголемува активноста на мозокот

popara2 јули, 20111min00
remove-makeup-before-sleeping

Сонот ја зголемува активноста на мозокот, помнењето и креативноста. Утврдено е дека сонот ги претвора спомените на начин кој ги прави помалку точни, но корисни на долг рок. За време на спиењето мозокот акумулира информации во текот на денот и ја сортира по важност, тврди раководителот на истражувањето Др. Џесика Пејн, невролог на Универзитетот во Нотр Дам, во државата Индијана.

Сонот може да ја поддржува меморијата, зголемувајќи го на тој начин протокот на идеи и апстрактното размислување во будна состојба, тврдат експертите.

Преку истражување на мозочната активност, Др. Пејн и тимот утврдиле дека зоните во мозокот поврзани со емоциите и меморијата се консолидирани периодично и се активни за време на спиењето.

Мозокот ги реструктуира настаните во текот на денот, за да ги зачува најмногу емоционалните и најважните елементи со цел користење на потребната информација во вистинскиот момент во иднина.

Селективната меморија може да крие и многу ризици и да отклучи трауматски спомени, кои пак можат да доведат до депресија или до посттрауматско стрес – растројство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag