Sony го откупи делот на Ericsson во бизнисот со мобилни телефони

popara30 октомври, 20111min00
sony_logo

Sony го откупи делот на Ericcson во бизнисот со мобилни телефони, и за тоа одвои 1,45 милијарди долари (1,05 милијарди евра), пишува Ројтерс.

Sony се одлучил на ваков чекор за да ја зајакне својата линија на потрошувачки производи за да им конкурира на другите производители на смарт телефони и таблет компјутери, меѓу кои се издвојуваат Apple и Samsung. Да потсетиме, Sony и Ericsson ја основаа оваа joint venture компанија уште во 2001 година.

Пит Канингем, аналитичар во компанијата Canalys, изјавил за Ројтерс дека „Sony сега може да им конкурира на Samsung и Apple”.

„Но големото прашање сега е… може ли тоа да го направи? Со оглед на досегашната историја, јас сум скептичен, меѓутоа не би рекол дека тоа не би можело да се направи”, продолжи Канингем.

Претседателот на Sony, Хауард Стрингерн истакна дека оваа аквизиција многу ќе им значи на потрошувачите „кои сакаат да имаат пристап до содржини било кога и било каде”.

Според неговите најави, Sony сите свои сили ќе ги насочи кон „стратегијата четири екрани”, а тоа се телевизори, лап топ компјутери, таблет компјутери, и мобилни телефони.

По објавата на оваа вест, акциите на Ericsson пораснаа за 5 проценти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma