Сопругата на Тајгер Вудс си најде нова љубов

16 јули, 20110
Dingman

Елин Нордегрен, поранешната сопруга на Тајгер Вудс, си најде нова љубов. Станува збор за богатиот американски инвеститор Џејми Дингман, експерт за азиските берзи.

Нордегрен, која се разведе од суперѕвездата на голфските терени заради неговите многубројни афери со други жени, е видена како се забавува со синот на милијардерот Мајкл Дингман во Флорида и во Шведска.

Според светските таблоиди, двојката се запознала на добротворен бал организиран од страна на Црвениот Крст, а оттогаш поминуваат многу време заедно. Анонимен пријател на Дингман изјавил дека тие се пресреќни заедно и дека се една обична американска двојка.

Нордегрен се разведе од Вудс во август минатата година, девет месеци откако голферот удри во дрво со својот автомобил во близина на нивниот дом во Флорида. Се проценува дека покрај заедничкото старателство врз двете деца, Нордегрен по разводот добила околу 100 милиони долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi