Совршените креации на модниот виртуоз Zuhair Murad
10 ноември, 20110
![5](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/11/581-610x269.jpg)
Зимската колекција вечерни и свадбени фустани на Zuhair Murad e блескава, романтична и безпрекорна. Боите кои преовладуваат се меки и млечни, придаваат нежност на женската силуета со елегантен печат.
Моделите се совршени творби од прозирни материјали, бродерија, свила и блесок.
Креациите на ливанскиот моден виртуоз се елегантни и секси и ја презентираат на единствен начин убавината на женското тело.