Спијте мирно на работното биро

13 јули, 20110
naslovnapernicakravata

Знаеме дека јапонците се нација која измислува се и сешто, овој пат последното откритие им се вика вратоврска-перница (Pillow Tie).  Една јапонска компанија неодмана на пазарот лансирала вратоврска која може да послужи како перница.

Како што пишува лондонскиот Телеграф, новата Немури вратоврска (вратоврска за спиење на јапонски) е вратоврска која е на дување, која на вработените ќе им понуди удобна дремка на работното биро.

Вратоврската на прв поглед е иста како сите други, само што има во задниот дел дискретен вентил преку кој се надувува и таа се трансформира во удобна перница.

Вратоврската е направена од свила и специјален микрофибер материјал, кој го лади лицето за време на толите денови. Немури вратоврската е производ на компанијата КТМ, наменета е пред се за вработените, а чини околу 2500 јени т.е. 23 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi