Србија во јули ќе го признае Косово ?!

popara29 јуни, 20111min00
main_edita-tahiri
Шефицата на преговарачкиот тим на Приштина, Едита Тахири, открила детали дека ставовите на Белград и Приштина се “доста приближени“, и оти е убедена дека “на почетокот на јули, Србија ќе ги прифати сите договори на посредникот од Европската унија, Роберт Купер“, односно Белград ќе ги признае пасошите, регистерските таблички, возачките и сообраќајните дозволи, како и печатите на косовската царина, пишува “Ало“, пренесува НетПрес.
“Ставовите на Приштина и Белград се приближени. Нашата страна во принцип даде согласност за предлозите што на шести јуни ги даде Роберт Купер“, рекла Тахири.
Според неа, Србија во јули ќе ги признае печатите на царината на Косово, онака како што ги призна и ги применува ЕУ. Договорот, исто така, предвидува Србија да ги признае регистерските таблички на Косово со ознаката РКС (Република Косово), додека на косовските Срби, кои не го сакаат тоа ќе им биде овозможено да добијат стари таблички со ознаката КС, кои претходно беа издавани на Косово. Но, таму веќе нема да се користат поранешните таблички на косовските градови издадени од страна на СРЈ или Србија.
Според нацрт договорот, граѓаните на Косово само со лични карти ќе можат да влезат во Србија, а кога граѓанин на Косово што низ Србија ќе патува во друга земја, на граничниот премин меѓу Србија и третата земја ќе го покажува пасошот на Косово. Покрај тоа, договорот предвидува признавање на возачките и сообраќајните дозволи на Косово.
“Тешко ми е да ги коментирам изјавите на Едита Тахири. Сметам дека не е конструктивно и не е добро да се зборува за детали од договорот, кога договор меѓу двете страни сеуште нема“, изјавил за “Ало“ шефот на белградскиот преговарачки тим, Борислав Стефановиќ.
Тој рекол дека е важно да се постигне договор со Косово, но дека признавање не доаѓа во предвид.
“За овие шест договори сеуште се договара, уште не е ништо конечно. Ние би сакале да се договориме, но никакво признавање не доаѓа во предвид“, објаснил Стефановиќ, напоменувајќи дека неговиот тим, а не некој од страна, ги правел модалитетите.
“Овие шест договори се модалитет на нашите предлози. Не на Купер, кој е само посредник, ниту на Приштина, која не поднесе ниту еден предлог“, рекол тој.
Стефановиќ изјавил дека Белград е за слобода на движењето на стоките и услугите, но ако царинската документација биде статусно неутрална. Од друга страна, што се однесува на пасошите и регистрациите, Стефановиќ рекол:
“Што значи да се признае? Кипар, Грција и Романија од административни причини  ги одобруваат табличките на Косово, а не го признаваат“, заклучил шефот на белградскиот преговарачки тим.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag