Државјанка на Србија, Марија А., била уапсена во Будва под сомнение дека наведувала странски државјанки на проституција! Полицијата издала потерница и по нејзиниот соучесник Миленко Б. од Подгорица. Со оваа акција полицијата усппеала да растури синџир на макроа и проститутки кои работеле во Будва.
– Се однесува на добро организирана мрежа. Повеќе луѓе од Будва подведувале проститутки на клиентите за повеќе од 100 евра. Проститутките воглавно работеле на повик, а сега најверојатно ќе бидат депортирани од Црна Гора, пренесуваат црногорските медиуми.
Меѓу бројните проститутки има и девојки од Србија. Истражниот судија Спиро Павичевиќ изјавил дека полицијата ќе поднесе кривична пријава против неколку лица, и Марија О. ќе биде задржана во притвор.