Ова му е втор пат на Џони Деп за кратко време да биде фатен како во алкохолизирана состојба не може да стои на сопствените нозе. Овој пат, срамот да биде поголем, му се случило на премиерата на филмот The Rum Diary во Њујорк.
Актерот, кој изгледал тотално “уништен”, цело време бил придржуван од неговиот телохранител. Во филмот Џони глуми новинар кој исто така сака малку повеќе да повлече од шишето, што наведува дека актерот премногу се соживеал со улогата.
Пред 10-тина дена Џони Деп бил снимен во Лос Анџелес, каде исто така премногу се опуштил во друштво на негов близок пријател. Но, тогаш ги немало телохранителите да му помогнат, па актерот одлучил да се потпре на неговиот пријател, што и не било баш некоја добра идеја, бидејќи и двајцата се струполиле на подот.