Среќните луѓе умираат порано

13 ноември, 20110
srekjni

Среќата може да убие, тврдат научниците, откако по истражувањето утврдиле дека луѓето кои често се весели, умираат помлади од своите врсници кои се резервирани во однос на животните радости.

Имено, децата кои во школо се оценети како многу весели, умираат помлади од своите врсници кои се помалку ведри. Се верува дека тие со безгрижен дух полесно донесуваат и праваат нездрави и опасни животни избори. Веселите луѓе исто така почесто патат од ментални пореметувања како биполарна депресија, промена на расположението со широка лепеза од екстремно веселеење до голема тага.

Претераната радост, особено во несоодветните моменти, може да предзивика бес кај другите луѓе и го зголемува ризикот од конфликти. Личностите кои многу се трудат да бидат весели, или се обидуваат да го поправат или подигнат расположението, делуваат депресивно на околината. Магазините кои нудат совети за тоа како да станете среќен, го носат својот дел од кривицата за се поголемата депресија на модерната доба. Во едно истражување, учесниците беа замолени да го прочитаат текстот кој нуди начини за подобрување на расположението и да следат еден од советите. Учесниците така, на пример, гледале филм со оптимистичка содржина, како што текстот советувал, но нивното расположение паѓало бидејќи тие биле концетранирани на тоа добро да се чувствуваат. На крајот на филмот биле лути, чувствувале дека советот ги измамил и биле во полошо расположение отколку кога започнале да го гледале филмот.

Резултатите од истражувањето, објавени во магазинот Perspectives on Psychological Science, откриваат дека клучот на вистинската среќа е потполно поедноставен и се крие во пронаоѓањето на цврсти односи со пријателите и членовите на фамилијата. Професорката од одделот на психологија на Универзитетот Јеил, ги опишува луѓето кои активно се обидуваат да бидат среќни со зборовите: „Кога работите со мотивација или очекување дека некои работи ќе ве направат среќни, веројатни ќе завршите помалку среќни или озбилно разочарани”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi