Српски хакер предизвика дипломатски инцидент меѓу Албанија и Романија

popara13 јули, 20111min00
basescu
Српски хакер предизвика дипломатски инцидент меѓу Албанија и Романија, откако упаднал на интернет страница на една италијанска новинска агенција и поставил наводна изјава на романскиот претседател Трајан Басеску, во која тој ги навредува Албанците, објави “Медиафакс“, пренесува Нетпрес.
Дузина косовски медиуми, повикувајќи се на публикации во Албанија, кои пак ја цитирале италијанската новинска агенција, објавија вчера дека романскиот претседател Трајан Басеску дал националистичка и навредлива изјава против Албанците за време на дипломатска средба.
Подоцна албанските медиуми утврдиле дека недоразбирањето го предизвикал српски хакер, кој упаднал на интернет страницата на една италијанска новинска агенција и објавил невистинита информација. Романскиот амбасадор во Тирана, поради наводната изјава, бил повикан во албанското министерство за надворешни работи за да се изјасни во однос на “тврдењата“ на Басеску за Албанците, вклучително и оние во Косово. Како одговор на ова, романското министерство за надворешни работи соопштило дека е апсолутно неприфатливо романскиот амбасадор да биде ставен во ситуација да дава објаснувања за непроверени информации, кои потекнуваат од нејасни извори.
Според објавеното на интернет тсраницата на италијанскиот медиум, романскиот претседател Трајан Басеску, објаснувајќи зошто Романија не ја признава независноста на Косово, ги нарекол Албанците “мрзливи цигани“ и “ѓубриња“.
Информацијата била цитирана од голем број косовски и албански медиуми, но неколку часа подоцна тие ја отстраниле.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag