Старо за ново на Амазон
19 мај, 20110

Амазон објави дека ќе ја прошири својата програма на замена. Корисниците од сега може да ги испраќаат своите искористени мобилни телефони, МР3 плеери, камери и други уреди, без оглед на тоа каде се купени, а за возврат ќе добијат подарок картичка.
Износот кои ќе го добиваат зависи од состојбата на уредите, но и од типот на самиот уред. По приемот на уредите и утврдувањето на нивната состојба, парите се појавуваат на сметката на корисникот на Амазон во рок од 48 часа, а доколку се испостави дека сумата не одговара на корисникот, уредите се враќаат во рок од две недели, без дополнителни трошоци за корисниците.