ПИВОЛЕНД 2011 – ДОЈДИ! ВИДИ! ИСПИЈ! НАВИВАЈ!
Во среда (31ви август) стартува традиционалната манифестација Пиволенд која на љубителите на пивото, музиката и добрата забава и оваа година ќе им ги понуди петдневните слатко-горчливи искушенија на фестивалот на древниот пијалок, пивото. Она што посетителите ги очекува наПИВОЛЕНД 2011 е најголемиот избор на различни домашни и странски брендови пиво, гурмански штандови со секакви видови храна, грижливо селектирана музичка програма со голем број артисти од најразлични музичи жанрови, пренос во живо на натпреварите од ЕвроБаскет 2011, како и многуте забавни содржини кои фестивалот ги подготви за сите свои посетители. Сé е подготвено за четвртиот по ред ПИВОЛЕНД кој се одржува од 31ви август (среда) до 04ти септември (недела), на паркинг-просторот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Со цел да ги задоволи вкусовите на сите посетители, музичката програма годинава е исполнета со артисти од најразлични музички жанрови.Првата вечер на главната бина фестивалот ќе го отворатScratch That Drum, Alexandroff Ragtime Band, Gilespie, RATM Real Tribute, Lollobrigida и Кирил Џајковски. Во вторник музичката програма продолжува со E.T., Raw’N’Wicked, Љубојна, Хладно Пиво и RHCP Real Tribute, а наредниот ден постителите ќе имаат прилика да се забавуваат на настапите на Screaming For Change, Калап, P.P.S. (tribute to Azra), High Control, Synthesis, Hypnotized, Belfast Food и милениците на скопската пу блика Darkwood Dub. Саботната Пиволенд треска ќе ја одржуваат Ориент Бенд, Фулстоп, Ритам Нереда, Ареа, Есма Реџепова, ДиЏеј Славе иРони Сајз, додека последната вечер од манифестацијата, музичката програма ќе се затвори со настапите на Pink Floyd project Macedonia, Летечки Пекинезери, Фолтин, Јура Стублиќ и Филм и словенечката поп атракција Мањифико.
Оваа година алтернативното Радио МОФ е домаќин на денс бината на Пиволенд. Програмата на Radio MOF Dance Stage е жанровски поделена по денови (рап, фанк, хаус, техно и инди), а поведени од идејата дека просторот за промовирање на младите е органичен, поголемиот дел од програмата е поделен на млади изведувачи кои ќе имаат можност да ја промовираат музиката во која веруваат. Дел од имињата кои ќе настапат на оваа бина се: Flooder, Горан Кан, Beatnex, Зад Аголот, Ола Диос. Комплетниот распоред на музичката програма на ПИВОЛЕНД 2011 м оже да го погледнете на овој линк.
Максимата на Пиволенд 2011 гласи ДОЈДИ! ВИДИ! ИСПИЈ! НАВИВАЈ!, а нејзиното целосно реализирање ќе може да се постигне на ЕвроБаскет 2011 преносите во живо. Имено, во ONE Cinema Corner на Пиволенд ќе може во живо да ги проследите натпреварите од ЕвроБаскет 2011 првенството кои ќе се одвиваат за време на одржувањето на Пиволенд. Во тој распоред влегуваат и два натпревари на македонската репрезентација , во четврток тоа е натпреварот со Хрватска и во сабота натпреварот со Грција. Подгответе се за жестоко бодрење и изобилство позитивна енергија, а повеќе информации и деталите за ЕвроБаскет 2011 преносот ќе ги најдете на следниов линк.
Работното време на фестивалот во среда, четврток и недела е од 17:00 часот до 01:00 часот по полноќ, додека во петок и сабота фестивалската програма ќе трае до 04:00 часот по полноќ. Влезот на ПИВОЛЕНД е, како и секоја година, бесплатен.
Сé е подготвено за старт на четвртото 60-часовно дружење во ПИВОЛЕНД! Добродојдовте!
ПИВОЛЕНД автобуска линија – Кога возиш не пиј, кога пиеш не вози!
Во рамките на акцијата за безбедност во сообраќајот, годинава ќе има и организиран автобуски превоз за посетителите на ПИВОЛЕНД. Град Скопје во соработка со ЈСП „Скопје“ обезбеди посебна автобуска линија која од 31ви август до 04ти септември ќе врши превоз на патници, од 17 часот до полноќ. Секој час ќе има организиран превоз, а по потреба може да се воведат и повеќе автобуси.
„ПИВОЛЕНД“ автобусите ќе се движат по следнава траса:
За доаѓање:
– Транспортен центар; Комплекс Банки; Југодрво; Плоштад Рекорд; Соборен храм; хотел Карпош; Поликлиника Букурешт; Воена болница (сала Б.Трајковски)
За враќање:
– Воена болница; бул. Илинден; бул. 8-ми Септември; бул. Партизански Одреди; плоштад Рекорд; Зелен пазар; Југодрво; Транспортен центар.
Запомнете, пивото е најдобро кога се консумира одговорно и со уживање.
Уживајте во ПИВОЛЕНД 2011!