Соосновачот и поранешниот CEO на Apple, Стив Џобс, во февруари, постхумно ќе ја добие музичката награда Греми.
Американската National Academy of Recording Artist and Sciences ќе го награди Џобс со Греми поради својот допринес во музиката. Доделувањето на наградите ќе се одржи на 11 февруари 2012 година.
Според образложението, Џобс ќе биде награден поради својот исклучителен допринос. Џобс помогна во „креирањето на производите и технологиите кои го променија начинот на кој се конзумира музиката, телевизијата, филмовите и книгите”.
Освен што ја револуционизираше музичката индустрија со своите производи како што се iPod и iPad, Џобс е еден од они кои се најзаслужни за увервувањето на големите музички куќи да почнат да ја продаваат својата музика преку услугата iTunes. Од почетокот на работењето на овој сервис, 28 април, 2003 година, досега се продадени повеќе од 16 милијарди песни.
Apple веќе еднаш доби Греми, и тоа во 2002 година, поради својот исклучителен допринос за музичката индустрија.