Рок пејачот Стивен Тајлер откри во едно интервју дека познатиот гитарист Џими Пејџ му понудил да снима албум со неговата група Лед Цепелин. Во емисијата на Хауард Стерн рок пејачот раскажал како пеел со сите познати рокери од Англија, откако членовите од бендот се не собраа повторно во 2007 година. По концертот во Лондон, пејачот Роберт Плант имал други планови и не сакал повеќе на настапува со бендот, па затоа Џими Пејџ, Џон Пол и Џејсон Бонам неуспешно трагале по нов пејач. Се појавив на аудицијата и одсвиревме неколку песни изјавил Тајлер. На прашањето дали гитаристот на Аеросмит Џо Пери бил лут поради тоа, Тајлер одговорил потврдно. На крајот тие не снимале заедно, а Тајлер изјавил дека сепак Аеросмит е бендот го највеќе го сака.