На промоцијата на автобиографијата “Дали ви пречи буката во мојата глава?“, Стивен Тајлер изјавил дека дрогата завземала главно место во неговиот живот и дека се дрогирал во текот на настапите со својот бенд. “Потрошив 20 милиони долари на дрога. Го исшмркав своето Порше, авионот, куќата. Потрошив милиони на дрога, алкохол и на својата изгубеност.“ Сфатил дека има голем проблем откако син му еден ден му кажал дека се плаши за неговиот живот. Веднаш потоа тој заминал на лечење. “Не сакам никогаш повеќе да бидам лош пример“, изјавил познатиот пејач.