Еколозите се загрижени за несовеснотооднесување на луѓето, бидејќи сето тоа се одразува на животот на оваа планета. На брегот на Аргентина е пронајдена една желка која била подложена на испитување, а резултатите од испитувањето се застрашувачки. Во стомакот на таа желка биле пронајдени стотици парчиња плоастика, која била фрлана од старна на несовесните луѓе. Експертите сметаат дека доколку загадувањето продолжи со ова темпо може да биде фатално. Луѓето моментно произведуваат 260 милиони тони пластика годишно, но најголемиот проблем е што голем дел од таа пластика завршува на погрешно место.