Стратува Д Фестивал!

14 јули, 20110
d festval

Ова лето во Дојран ќе се одржи првото издание на Д Фестивал во организација на Antenna 5 Radio и Password Production. На први август македонската публика на дојранското крајбрежје ќе има убава можност да биде дел од овој музички хепенинг под отворено небо.


Првиот хедлајнер на програмата на Д Фестивал е нашиот најпознат артист од електросцената Кирил Џајковски. Ова е неговиот прв настап за годинава во Македонија, кој е дел од богатата европска турнеја во чии рамки Кирил одржа низа

успешни настапи на големите фестивали низ Европа. Во Дојран Кирил Џајковски ќе настапи со MC Ghetto Priest поранешниот MC во Asian Dub Fondation.

Второто потврдено музичко име на Д Фестивал се балканските ска миленици Суперхикс чија турнеја е истотака во тек и од почетокот на годинава имаат закажано 25 концерти низ земјите на балканот и Европа. Веднаш после одличните концерти на Егзит во Нови Сад и ВУМ Фестивал во Хрватска, Хикси ја носат својата концертна енергија пред домашната публика која ќе има можност да се забавува со добро познатиот репертоар на групата но и материјалот од нивниот најнов албум кој треба да излезе годинава.
Покрај Кирил и Суперхикс, публиката на Д Фестивал ќе ја забавуваат диџеите на Антена 5 Радио, Владич (Инфјуз) и други.

Д Фестивал ќе се одржи на просторот на паркингот Гранит во Дојран  кој нуди идеални услови за одржување на масовен музички хепенинг на дојранското крајбрежје. Просторот има вкупен капацитет од 10.000 посетители и се наоѓа помеѓу Нов и Стар Дојран, во близина на плажата, а сето тоа гарантира нова несекојдневна можност за забава до утринските часови меѓу подзаборавените убавини на овој регион.
Цената на билетите, кои се пуштени во продажба низ цела Македонија  во продажните салони на ONE, изнесува 200 денари, а билетите на влезот на фестивалот ќе чинат 300 денари.

Извор: Пасворд

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi