Во судир на чилеанската полиција со неколку илјади студенти, кои на собир во парк во престолнината Сантијаго барале унапредување на квалитетот на образованието, биле повредени 16 полицајци, а 46 лица биле уапсени.
Група студенти фрлале со камења по полициските сили, кои употребиле солзавец и водени топови за да ги разбијат демонстрациите. Министерот за внатрешни работи Родриго Хинспетер соопштил дека во протестите биле повредени 16 полицајци и дека 46 лица биле уапсени.
Чилеанските медиуми јавиле дека во нередите биле повредени тројца фотографи. Полицијата проценува дека во студентските протести учествувале околу седум илјади луѓе, а на студентите во протестите им се приклучиле и рудари кои исто така се во штрајк.
Извор: Нетпрес