Градот Скопје ќе управува со ФК Вардар, Шишковски нов претседател

16 јуни, 20110
1024x768---vardar-3

Градот Скопје од денеска и официјално го превзема раководењето со фудбалскиот клуб Вардар. Ваков е исходот од денешното собрание одржано во хотелот “Стоун Бриџ”. Градот Скопје ќе застане финансиски зад најтрофејниот македонски клуб, се со цел враќање на “црвено црните” на вистинскиот пат.

Денеска, покрај промоцијата на новите колективни членови, Градот Скопје и АД за изградба и стопанисување со стамбен и деловен простор, беше назначен и новиот претседател на клубот. Зоран Шишковски, раководителот на секторот спорт во Град Скопје, во следните 4 години ќе биде прв човек на Вардар.

„Во иднина ќе се заложувам да пронајдеме начин како да се решат финансиските долгови на ФК Вардар. Овој тим треба да се менаџира како што му доликува на едно вакво големо име“ -изјави Шишковски веднаш по именувањето.

Официјално нема потврда за ниту за стручниот штаб, ниту за играчкиот кадар, ниту за имињата за евентуалните спонзори на клубот.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi