Барселона подготвена да го продаде Виља поради Фабрегас?

16 јуни, 20110
villa1

Напаѓачот на Барселона, Давид Виља ви можел да биде продаден за во клубот да биде доведен Цеск Фабрегас, се последните информации кои пристигнуваат од шпанските медиуми.

Европскиот шампион се труди да обезбеди доволна количина пари за Цеск, а една од варијантите е да го продаде Виља, што веројатно би ги шокирало навивачите на Барселона.

Виља во Барса мина само година дена но постигна 18 гола и во голем дел допринесе за освојување на титулите во Лигата на Шампионите и Примера.

Парите од евентуална продажба на Виља, Барса би ги насочила кон Фабрегас, а оние кои веќе ги имаат за Џузепе Роси и Алексис Санчез.

Од друга страна, одделни шпански медиуми нагласуваат дека тренерот Пеп Гвардиола “ни во лудило” не би дозволил продажба на Виља поради Фабрегас, колку и да е квалитетен капитенот на Арсенал.

За Виља интерес покажаа Челзи и Манчестер Сити.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma