Резиденцијата на Гадафи повторно цел на НАТО

16 јуни, 20110
0
Силите на НАТО, рано утрово продолжија со бомбардирањето на подрачјето околу резиденцијата на либискиот лидер, Моамер Гадафи во Триполи.
Засега не е познато што е погодено и нема извештај дали во новото бомбардирање на резиденцијата на Гадафи во Баб ал Азизи има повредени.
Бунтовниците, истовремено зазеле три села западно од Триполи што ги поврзуваат градовите Јефрен и Зинтан.
Руските медиуми јавуваат дека Михаил Маргелов, специјален претставник на претседателот Дмитри Медведев за северна Африка, денес ќе допатува во Триполи, каде, како што е најавено, ќе разговара со високи владини функционери и ќе се обидат да изнајдат решение за кризата во Либија.
Протестите против режимот на Гадафи започнаа кон крајот на февруари, а бунтовниците ги зедоа под контола источните делови на Либија, а нивното упориште е во Бенгази.
Силите на НАТО го започнаа бомбардирањето во Либија пред три месеци, во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации која има цел заштита на цивилите.
Воздушната операција на Алијансата во Либија е продолжена на уште три месеци, почнувајќи од 27 јуни.
Командантот на воената акција на НАТО, генералот Шарл Бушнер, вчера изразил уверување дека на операцијата ќе и се стави крај без активирање на копнените сили.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi