Susan Boyle, познатата британкса пејачка се здоби со восочна фигура во музејот на Madame Tussauds, кој се наоѓа во северозападна Англија.
Восочната фигура на Susan чинела 150.000 фунти. На неа, таа е облечена во елегантна црна тоалета која е донација од самата Susan.
Таа изјавила дека е презадоволна од крајниот исход, и е пресреќна што е дел од од музејот. Неодамна со восочни фигури се здобија и Justin Bieber, Lady Gaga и Taylor Swift.