Светски чуда во Европа – Катедралата во Келн

popara19 јули, 20111min00
800px-Cathedral_main_entrance

Најголемата катедрала во Германија

Постојат голем број на причини поради кои најголемата Катедралата во Келн, Германија претставува една од најзначајните цркви во светот и поради што заслужува безграднично восхитување. Пред се, запрепастувачки се димензиите, кои што ја надминуваат секоја човечка претпоставка – кулите се високи 157 метри, внатрешниот простор е долг 144 метри и висок 45 метри, средниот дел е висок повеќе од 43 метри – понатаму, овде е и славната, недостижна хармонија на нејзините делови во кои се гледа средновековната-готска архитектура.

Во 1248 година, Надбискупот Konrada го положи камен темелникот, Келн веќе имаше 1300 години развој и традиција позади себе. Инаку, околу 50 години пред новата ера во подрачјето на денешен Келн, била основана римска колонија, Kolonija Klaudija Ara Aqripinensijum. Поради тоа, веднаш до црквата пронајдени се остатоци од римска палата со мозаик од вториот век од новата ера, со големина од 75м2, а длабоко во темелите на црквата во 1959 година пронајдени се два кралски гробови кои потекнуваат од средината на шеснаесетиот век. На почетокот на деветиот век Надбискупот Hildebold, Архиепископот Karlo, изградил базилика со галерија од две “стари катедрали“. Оваа црква, всушност и претходела на денешната катедрала, која што попримила одредени кралски карактеристики, бидејќи Надбискупот Rajnald од Дасел, канцелар на Царот Barbaros, во 1164 година ги пренел моштите од “Светите Тројца мудреци“ од Милано во катедралата во Келн. Поради овие мошти новата катедрала претставуваше кралска црква, која го признаваше Исус како највозвишен крал.

Покрај тоа, во средиот век, Надбискупот од Келн го круниса германскиот крал, а првите два стола во црквата секогаш беа резервирани за Кралот и за Папата. Изградбата започнала во 1248 година и напредувала многу полека. Црквата иако не била целосно изградна, сепак е осветена во 1322 година. Во 1400 година се започнало доградувањето на јужната кула. Се до деветнаесетиот век се сметало дека нема да се продолжи со изградба на деловите кои сеуште не биле доградени и дека градбата на црквата нема да се менува.

Сепак, одлучувачката одлука за конечно доградување била донесена од страна на S. Boserea, кој успеал да разбуди заинтересираност и кај Gete. Започнувајќи од 1842 до 1880 година, доградени се деловите кои не беа изградени.

Набрзо, Катедралата во Келн, светот ја препознаваше како синоним и симбол за Германија. Но, доколку се погледне подлабоко ќе се види дека Катедралата има и друго, подлабоко значење. Дематеријализацијата на каменот и светлата (преку обоените прозори) треба да се сфатат како претставување на небесна катедрала. Оваа градба позади својата монументалност, делува како да лебди во возух.

Исто така, овде би го истакнале и Крстот, кој настанал околу 970 година и претставува најстариот сочуван приказ на распетието Христово. Светска вредност има и саркофагот на Тројцата мудреци, дело кое што е изработено од злато. Изработка започнала во 1181 година од страна на Nikola од Верден, а била завршена од страна на уметници од Келн во 1220 година. Како главно дело на сликарската школа во петнаесетиот век во Келн се смета сликата над олтарот, дело на Štefan Lohner. Во текот на Втората светска војна, меѓу другото, беа уништени два свода. Единаесет години, седумдесет стручњаци работеа за да ја отстранат штетата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag