Помеѓу Гадафи, Садам и Хитлер постои сличност – сите тие се криеа под земја пред смртта.
Моамер ел Гадафи бунтовничките војници го пронашле како се крие во бетонски цевки, поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин го пронашле во подземна комора, а Адолф Хитлер во бункер. Странските медиуми на еден ден по убиството на полковникот веднаш направија споредба со другите фатени безмилосни владетели и заклучија дека тие имаат нешто заедничко, а тоа е што сите тие се криеле во дупки.
Садам како крт
Садам Хусеин бил пронајден од коалиционите сили предводени од САД во декември 2003 година. во неговиот роден град Тикрит. Тој се криел во подземна комора малку поголема од ковчег. Тој беше во бегство 250 дена, пред да го најдат изморен и со запоставена брада. Тој се предаде без борба и го изведоа на суд, на 30 декември 2006 година беше обесен.
Адолф Хитлер,кој се самоуби на 30-ти април 1945 година. исто така беше пронајден во дупка. Тој се криел во бункер во Берлин, кој беше опремен како стан. За разлика од Садам и Гадафи, фирерот не сакал да биде фатен жив, па тој самиот себе си пресудил пукајќи си во глава од “Валтер PPK”. Се самоубила и неговата љубовница Ева Браун земајќи цијанид. После тоа офицерите од СС ги запалиле нивните тела, а остатоците биле сокриени под земја.
Некои бегаа
Покрај оние кои се криеле во дупки, светските медиуми наведуваа и за диктатори кои завршиле во крв, како Гадафи.
Меѓу нив беше и Бенито Мусолини, кој се обиде да избега во Швајцарија заедно со неговата љубовница Клара Петачи, на крај завршија пред стрелачки вод во1945 година. Стрелани се и романскиот претседателски пар Никола и Елена Чаушеску во 1989 година.
Сталин се извлече
Рускиот лидер Јосиф Сталин беше еден од диктаторите во светот кои се избегнаа брутална смрт. Тој почина на 74 годишна возраст во својот кревет во близина на Москва во 1953 година. Четири дена пред неговата смрт тој доживеал мозочен удар и не можел да ја напушти својата постела.