Веќе непостоечкиот британски таблоид News of the world, кој после децении работа мораше да стави клуч на својата редакција поради скандалот со прислушкување на телефони на десетици славни личности, своевремено ги шпионирал и британскиот принц Вилијам и тренерот Жозе Мурињо.
Би Би Си, обајви дека приватниот детектив Дерек Веб открил дека уредниците на таблоидот му плаќале за следи десетици славни личности, меѓу кои биле Даниел Редклиф, но и принцот Вилијам и тренерот Жозе Мурињо, додека работел во Лондон за клубот Челзи.