Во едно поле во близина на руското место Краснодар се појавил до сега невиден “цртеж“, наводно со вонземско потекло. Авторот и значењето се непознати. Сепак, експертите велат дека е многу тешко да се замисли дека необичните структури во полето се направени од луѓе. За разлика од досегашните симетрични облици кои во полињата наводно ги оставаа посетителите од другите планети, во руското поле забележана е сосема нова глетка.
Стеблата се поставени во асиметрични форми, но ниту едно од нив не е скршено или оштетено. Чудниот натпис како да е направен на лист хартија, бидејќи е оквирен во правоаголното поле.
Но, интересните облици не наликуваат на ниту едно познато писмо, па затоа се поставува прашањето како сето тоа да се протолкува и интерпретира пред јавноста. Една од теориите е дека станува збор за звучен запис.
Некои ентузијасти кои се занимаваат со толкување на знаци, за ова поле тврдат дека знаците претворени во звучни записи обликувале шум кој сам во себе имал клуч за откривање на оваа мистерија.
За што всушност станува збор, обидете се да процените сами од видеото кое ви го пренесуваме:
http://www.youtube.com/watch?v=U23-1-HxiC0&feature=player_embedded
2 comments
Dino
21 јуни, 2011 at 15:29
Ajde veke ednas neka ja legaliziraat prostitucijata, da se stavi kontrola, vaka glumime ko bozem ja nema, a ja ima segde okolu nas, ne se znae koj e.. koj plaka
boro
20 јуни, 2011 at 17:33
за прпоституцијата, осповедот на проститутутките, има постојат такви работи , сите ние.? а и вие репотеритеја знете вистината- но има и такви што си го бараат самите…а после ѓаволот им е крив…