Тајните за беспрекорните пропорции на топ моделот Жизел Бундхен

popara24 октомври, 20111min00
1

Жизел Бундхен е една од најбараните и високо платени современи модели. Нејзиното прекрасно тело се појавило на кориците на многу водечки модни списанија. Убавата бразилка работи со најголемите модни куќи како што се Christian Dior, Michael Kors, Dolce & Gabanna, Zara, Ralph Lauren и многу други.

Прекрасната манекенка има совршено тело, но за да биде тоа што е, вложува напор за да се одржува во форма. Таа открива дека не се подлага на суруви диети кои ја истоштуваат. Признава дека понекогаш јаде и нездрава храна како хамбургери на пример, но не често.

Диетата на Жизел вклучува многу зеленчук, овошје и чисто месо. Бразилката се придржува кон едно многу важно правило во исхраната – никогаш не го пропушта појадокот. На нејзината трпеза секое утро има чаша кафе без шекер и без мелеко, парче диетален леб и секојдневно по 2 различни овошки. За ручек и вечера преферира нискокалорична, но силна храна, и најчесто на менито има риба или месо во комбинација со свежа салата и за крај повторно овошје. Понекогаш за вечера јаде сендвич со тврдо сирење. Си дозволува лесни но вкусни десерти.

Кога е потребно брзо да влезе во форма, применува специјална диета, со чија помош губи 3 кг за 3 дена. За доручек јаде 1 варено јајце, а за ручек и вечера по 200 гр обезмастена извара и чаша чај без шеќер.

Освен ваквиот режим на исхрана, Жизел редовно применува и различни спортски активности, со чија помош ја одржува својата безпрекорна линија. Таа открива дека за време на нејзината бремменост спортувала речиси до последно. Поради тоа лесно успеала да ги врати старите перфектни мерки.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag